Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Припор ќе добие градинка за 4 месеци

Рејтинг на корисник:  / 3
НајлошоНајдобро 

За 4 месеци ќе биде готова новата градинка во Припор, прва во овој дел од општината . Екипите на фирмата изведувач “Инком Инженеринг” интензивно работат на реконструкцијата и адаптацијата на двете постоечки простории и изградбата на сосема нов дел во подрачното основно училиште “Круме Кепески” во кои треба да функционира градинката.

Објектот ќе обезбеди модерни, безбедни и здрави услови за згрижување на дечињата и нивна едукација. Ќе функционираат  три групи од кои едната е јасли, а идејното решение изработено од општината опфаќа и креативни работилници, дистрибутивна кујна  и перална.

По завршувањето на изградбата, комплетно ќе се реконструира дотраениот покрив на училиштето и со тоа ќе бидат надминати проблемите со протекување.  Исто така, фасадата ќе биде заменета со нова, енергетски ефикасна, со што ќе се зголеми изолацијата на објектот. Се работи за комплетна инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од 12 милиони денари.

Отворањето на овој капацитет е едно од најголемите барања на родителите од Припор, кои досега своите деца мораа да ги носат во градинките во централниот дел на Кисела Вода. Тоа пак, значи надминување на  сообраќајниот метеж, непотребното  губење на време и зголемените трошоци за превоз.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa