Новости
Денес, понеделник, 30 март 2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, ќе бидат доделени ваучери за еднократна парична помош на семејствата со новороденчиња од општината.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Со драмска, музичка и ликовна креативна програма, дечињата од градинката “Весели цветови” во општина Кисела Вода, денес, во паркот Шопен, дадоа свој придонес во почитувањето на различностите и мултикултурализмот во нашата земја.
Општина Кисела Вода во соработка со AД “Цементарница Усје”, денес организираше еколошко- едукативен настан, во пресрет на најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер Ден на планетата Земја, која се одржува утре.
Повеќе: Од објектот кој штеди енергија на повеќе нивоа, испратена порака за спас на планетата Земја!
Три нови урбани заедници посетија вчера градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, претседателот на Советот Трајче Донев, тимот од стручните служби од општината и градот и неколку други институции кои имаат надлежност да ги решаваат најчестите проблеми на граѓаните од локално значење.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец-Алексиќ на средба со жителите на Бирарија, Цветан Димов и Усје
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денес додели нови 50 решенија за легализација на дивоградбите од овој дел на градот.
Повеќе: 50 нови легализирани дивоградби во општина Кисела Вода