Новости
По одиграното 18 коло заврши регуларниот дел на шаховската лига помеѓу месните заедници во општината. Според организаторот, Одделението за спорт, прворангираните четири екипи ќе разигруваат во плеј оф за шампионската титула. Инаку, одиграните редовни кола ветуваат интересна и неизвесна борба за шаховскиот трон.
Општина Кисела Вода, согласно информацијата добиена од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ова подрачје.
Повеќе: Улица "Саса" утре со прекини во снабдувањето со електрична енергија
Утре, петок, 27.03.2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот ќе бидат доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Барањата, потребите и проблемите на жителите од урбаните заедници 11 Октомври - бараки и згради, во текот на вчерашниот ден беа изложени пред градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, претседателот на Советот Трајче Донев и тимот од стручните служби од општината и градот и неколку други надлежни институции.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец-Алексиќ на средба со жителите на 11 Октомври-згради и бараки