Новости
Потребна документација за впишување имоти за легализација, приватизација на дворни места, барања за појаснување на постапки - беа само дел од прашањата кои жителите на општина Кисела Вода ги упатија до тимовите од Катастарот денес, во Големата сала на општината.
Повеќе: "Отворени денови со катастарот" во општина Кисела Вода
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со управителот на Здружението за деца со посебни потреби “ДАМА ЕЛ” Олгица Георгиева, денес ја пресекоа лентата и со тоа го означија почетокот на работа на новиот Дневен центар за деца со посебни потреби во населеното место Усје.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и Претседателот на Советот на општината Трајче Донев, денес присуствуваа на свеченоста по повод 70 годишнината од постоењето на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”
Повеќе: Благодарница за општина Кисела Вода за 70-годишнината на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”
Работна средба со жителите на населбата Драчево и на урбаната заедница Пинтија оствари вчера градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со Претседателот на Советот Трајче Донев и тим од стручните служби од општина Кисела Вода и јавните претпријатија на град Скопје. Граѓаните од овој дел на градот, имаа можност да ги презентираат и да побараат решение за проблемите со кои се соочуваат.
Повеќе: Работна средба на градоначалникот Беличанец-Алексиќ со жителите на Пинтија и населба Драчево
Од вчера,17.03.2015, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со Претседателот на Советот Трајче Донев и тим од стручните служби од општината, ја започна редовната посета на месните и урбани заедници во општина Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот на Кисела Вода ја започна посетата по месните и урбани заедници во општината