Новости
Добрата практика на редовни средби со граѓаните со цел да се слушне во прво лице за нивните потреби и проблеми и на тој начин побрзо да се реагира во насока на нивно надминување, останува да биде на врвот на приоритетите во агендата на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец-Алексиќ оствари средба со жителите на Кисела Вода и Расадник
Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, општина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека на каптираните извори на кои е утврдена неисправност на водата за пиење, е поставена табла со предупредување.
Повеќе: Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода за пиење
Агенцијата за катастар на недвижности, во соработка со Општина Кисела Вода, по барање на граѓаните од Драчево организира нови отворени денови во населбата Драчево.
Повеќе: Во петок нови "Отворени денови на Катастарот" во Драчево
Дечињата од градинката “Синоличка”, која е во состав на ЈДГ “Весели цветови” – општина Кисела Вода, го оддбележаа денот на пролетта и екологијата.
Повеќе: Дечињата од Кисела Вода со садење цвеќе ја поздравија пролетта
Во Објавата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на домување во станбена зграда во Општина Кисела Вода, објавена во дневните весници Вечер, Дневник и Вест од 16.02.2015 година и Службен весник на Република Македонија, во делот „РОКОВИ“ рокот за доставување на пријави за учество на јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште кое претставува Градежна парцела број 5.1, со намена за изградба на домување во станбена зграда А2 со компатибилна намена Б се продолжува и пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават најдоцна до 15.04.2015 година.
Јавното наддавање за ГП 5.1 ќе започне на 22.04.2015 година, во 10:00 часот и истото ќе трае 15 минути.