Таа ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.
-“Сакам да испратам јасна порака дека Општина Кисела Вода се грижи, и понатаму ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители. Имено, овој проект во Програмата од социјалната сфера на Општина Кисела Вода ќе се запази се до крајот на истекот на мојот мандат” – потенцираше градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
Инаку, Советот на Општина Кисела Вода, на лична заложба и предлог на Градоначалникот, на 4-тата пленарна седница едногласно ја донесе одлуката за доделување на еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари, на секое семејство од општината со принова, која започна да се применува од 20.06.2013 година.
Од воведувањето на оваа мерка од страна на општината, досега се доделени вкупно 159 ваучери за еднократна парична помош на семејства со новороденчиња.
Коментари