Oпштина Кисела Вода информира дека без вода од 10 часот ќе останат корисниците од улицата „Михаил Чаков“.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф – 150 мм на улицата „Михаил Чаков“ б.б. ( до топланата), а ќе трае се до завршување на работите.