Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 8 септември - Денот на независноста на Република Македонија. На овој ден пред точно 25 години македонските граѓани одлучно застанаа во исполнување на вековниот идеал на македонскиот народ за суверена, слободна и независна Македонија. Ние и во иднина посакуваме да продолжиме заеднички да славиме уште многу години успех и просперитет на нашата држава.
Нека ни е вековита Република Македонија!