Со цел подигнување на свесноста и на безбедноста во сообраќајот, ООУ„Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот организираше работилница со учениците од 4-то и 5-то одделение.
Во текот на денешниот ден, четврто и петтоодделенците дискутираа на тема „Безбедност во сообраќајот“ и изработуваа хамери со пораки до учесниците во сообраќајот. Потоа истите пораки беа изложени на оградата во училишниот двор од страна на учениците и нивните одделенски раководители.
Активостите се дел од традиционалната едукативна кампања за учениците од училиштата на територија на општина Кисела Вода, насловена „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, иницирана од МВР, РСБСП, МОН и други партнери кои во соработка со локалната самоуправа спроведуваат низа на активности.
За реализирање на горенаведената кампања, од страна на општина Кисела Вода се преземаат конкретни чекори за обновување на хоризонталната и вертикалната сигнализација на улиците кои гравитираат во непосредна близина на градинките и училиштата, со што сметаме дека би ја подобриле безбедноста на учениците на нашата територија.
Општина Кисела Вода како и досега така и во иднина ќе продолжи да прави напори за што поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.