Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита најголемиот македонски државен празник 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
На овој ден пред точно 26 години македонскиот народ масовно излезе на референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независнот. Денес сите ние гордо ја прославуваме независноста, сувереноста и самостојноста на Република Македонија.
Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независна Република Македонија!
Да живее суверена и самостојна Република Македонија!