Граѓаните на општина Кисела Вода, престојниот викенд, ќе имаат можност бесплатно да уживаат во спортските настани кои ќе се случуваат во двете спортски сали ,,Независна Македонија“ (ОУ Невена Георгиева Дуња) и ,,Архиепискоип Доситеј“ (ОУ Круме Кепески). Централен настан се натпреварите од вториот круг од ВАБА лигата за кошаркарки до 17 години.
Нашиот шампион Бадел 1862 е домаќин во спортската сала ,,Независна Македонија“ и во недела во првата средба со почеток од 12 часот ќе игра со бугарскиот претставник Славија од Софија. Во втората средба со почеток од 14 часот и 15 минути предвидено е да играат хрватската екипа Загреб и Славија (Р.Бугарија). Неделната програма во рамките од вториот круг на ВАБА лигата со почеток во 18 часот и 30 минути ќе ја затворат шампионскиот тим од Кисела Вода Бадел 1862 и Загреб (Р.Хрватска).
Во истата сала ,,Независна Македонија“ ден порано , во сабота, со почеток од 16.00 часот, во рамките од втората кошаркарска лига, КК Ангели -Кисела Вода ќе биде домаќин на КК Вардар. Веднаш по овој спортски настан, љубителите на спортот ќе може да уживаат и во женската сениорска одбојка. Имено со почеток во 19.00 часот, во рамките на дербито од првата лига, Јанта Волеј -Кисела Вода за противник ја има екипата на Викторија Волеј од Струмица.
Љубителите на ракометот, пак, во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“ во недела со почеток во 18.00 часот ќе можат да уживаат во дербито од првата лига меѓу РК Спартак-Кисела Вода и РК Металург Јуниор.