Општина Кисела Вода информира дека заложбите на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, да спроведе успешна реорганизација во спроведување на работните задачи и обврски, со цел подигнување на квалитетот на услугите кои општината им ги дава на граѓаните, во првиот дел е успешно завршена.
Имено, повторно се спроведе сертифицирање на системот за менаџмент со квалитет согласно со
барањата на стандардот MKC EN ISO 9001:2008,
и успешно се спроведе и транзиција и сертифицирање на системот за менаџмент со квалитет согласно со
барањата на стандардот MKC EN ISO 9001:2015.
Воедно, реорганизацијата продолжува, затоа што процедурите по кои се делува при давање на услугите кои се во надлежност на локалната самоуправа, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, ги третира како жива материја, која е потребно тековно да се контролира, усогласува и подобрува во правец на поквалитетна и побрза услуга.
За таа цел, ние како општина ги замолуваме граѓаните да ги забележуваат своите впечатоци, забелешки, коментари, предлози и слично, преку алатките на следниот линк:
http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/kontakti/predlozi
Исто така, тоа можат да го направат и преку АНКЕТНИОТ ЛИСТ кој е достапен во просториите на општината каде што им се дава услугата на граѓаните.