Сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа победнички викенд

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Изминатиов викенд сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862“ убедливо ги победија противниците.

Успешниот победнички викенд за клубот од Кисела Вода започна со триумф на сениорките на гостински терен во СРЦ „Кале“, каде на дерби натпреварот помеѓу двете непоразени екипи од првата женска кошаркарска лига ЖКК „Бадел 1862“ и „Вардар“, „жолто - сините“ извојува голема победа, со резултат 71-84 (20:21,19:15, 14:27 и 18:21). За оваа уверлива победа најефикасни на теренот беа Александра Стојановска со постигнати 26 поени и 16 годишната репрезентативка Наталија Секуловска со 17 поени.

Додека младинките М18 на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ ја надиграа екипата на „Про баскет“ од Пробиштип, со резултат 73:34. Во рамки на вториот турнир во М14 конкуренција во спортската сала „Шабан Трстена“ кадетките на „Бадел“ славеа две големи победи. „Баделки“ без многу напор триумфираа над екипата на ЖКК „Шкупи“, со резултат 52:18, а лесно го поразија и тимот на „Трокал“ од Кавадарци со резултат 41:20. На натпреварот против „Шкупи“ најефикасна на теренот беше Ања Даниловска со 13 постигнати поени, а на натпреварот против „Трокал“ Милица Николиќ и Мила Ѓуковиќ постигнаа по 12 поени.

Имено, „Бадел“ е еден од спортските клубови кои оваа година доби материјална поддршка од Општина Кисела Вода. Истата локалната самоуправа почна да ја доделува на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски се со цел за правилно насочување на младите, развивање и омасовување на спортот.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda ЈДГ „Весели Цветови“ одбележа 74 години постоење https://t.co/whbbZEVzdA
17hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре без вода ул. „Мариовска“ https://t.co/aE2W9kBFLp
O_KiselaVoda Денес ФК „Кул здравје“ од Кисела Вода ќе игра против ФК „Академија Постолов - Пандев“ од Штип https://t.co/s7PYjxw7gg