Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 до 12:00 часот можно е да има прекин на водоснабдувањето во Драчево.
Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека прекинот ќе биде поради техничка контрола на трафостаницата, лоцирана во ПС Драчево.