Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита големиот државен празник 23 - ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.
На овој датум, во 1893 година во Солун, македонските интелектуалци Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основаа Mакедонската револуционерна организација, која имала за цел со сопствени сили, без надворешна помош да ја ослободи Македонија од вековното ропство.
Со овој почеток на организирана борба, македонскиот народ преку кревањето на Илинденското востание и создавањето на Крушевската Република, народноослободителната борба и АСНОМ, на 8 септември во 1991 година на референдумско изјаснување ја оствари вековната идеја за создавање на модерна независна македонска држава.
Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.