Новости
Продолжува големиот градежен зафат на Општина Кисела Вода за санација на улиците во населбата Драчево. Денес градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети улицата “Малешевска”, која поради својата местоположба, важи за една од најфреквентните улици во овој дел од општината, но и покрај тоа, не е темелно санирана од 80-тите години на минатиот век, кога била изградена.
Општина Кисела Вода во соработка со фирмата ТОКСИ-ВЕТ ДООЕЛ-Скопје од понеделникот, 27.03.2023, започна со вршење на пролетна системска дезинфекција, дезинсекција и дератизација за уништување на штетните глодари на на јавните површини.
Повеќе: Пролетна дератизација за уништување на глодари во Кисела Вода
Се решава еден од најгорливите проблеми на жителите на населбата Градинар. До крајот на април, тие конечно ќе добијат фекална канализациона мрежа долга 2.4 км.
Повеќе: Жителите на Градинар конечно добиваат фекална канализација долга 2.4 км
Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ Општина Кисела Вода. Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоправа на Општина Кисела Вода, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници.
Повеќе: Пролетна акција за косење на тревните површини низ цела Кисела Вода
Финализираат градежните активности кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода.
Повеќе: Над 100 нови паркинг места и нови улици во 11 Октомври згради