Новости
Општина Кисела Вода информира дека поради временските услови, концертот на Дани Димитровска кој требаше да се одржи вечерва, во рамки на културното лето "Три круши", се одложува. Истиот ќе се одржи на 22.07.2018, на Три Круши во 20 часот.
Продолжуваат случувањата од овогодинешното културно лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2018”. По синоќешниот концерт на Александар Митевски и сетот на ДЈ Фичо, вечерва концерт ќе одржи Дани Димитровска со својот бенд. Општина Кисела Вода ги поканува сите љубители на македонската забавна музика на Три круши. Влезот е бесплатен, а настанот започнува во 20 часот.
Oпштина Кисела Вода ве поканува и вечерва да бидете дел од случувањата на “Три круши 2018”. На истоимената локација, концерт ќе одржи Александар Митевски. По концертот, со диџејски сет ќе се претстави DJ FICHO. Влезот е бесплатен, а почетокот е закажан за 20 часот.
Повеќе: Александар Митевски и ДЈ Фичо вечерва на "Три Круши 2018"
Во рамки на културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2018”, неделава следуваат три концертни вечери. Посетителите на локалитетот Три круши, во четврток ќе имаат можност да се забавуваат со хитовите на Александар Митевски, а по неговиот концерт, со ДЈ сет ќе продолжи DJ FICHO. Дани Димитровска со својот бенд ќе настапи во петок, а целовечерен концерт, во сабота ќе има и Миле Кузмановски. Сите концерти започнуваат во 20 00 часот, а влезот е бесплатен.
Повеќе: Концерти во четврток, петок и сабота на “Три круши 2018”
Со два одлични концерти, на градскиот дувачки оркестар при МКЦ и КУД Китка, вчеравечер свечено беше отворено културното лето “Три круши 2018”. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски кој ја поздрави публиката и говореше за курсот по кој ќе се движи годинешната манифестација.
Повеќе: Свечено отворени "Три круши 2018", одржана уште една "Коријада"