Новости
Општина Кисела Вода распиша оглас за доделување награди за најдобрите воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки, како и за најдобрите наставници од општинските основни училишта на оваа територија. За оваа награда можат аплицираат одделенски и предметни наставници кои се вработени во општинските основни училишта од Општина Кисела Вода, како и воспитувачи и негуватели, вработени во јавните детски градинки од Општина Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода избира најдобар наставник, воспитувач и негувател
Синоќа во рамки на фајнал фор турнирот во спортската сала „Независна Македонија“ кошаркарските екипи Академија ФМП од Кисела Вода и Работнички од Центар одиграа финален натпревар во младинска конкуренција (М20).
Повеќе: Академија ФМП заврши на второто место на државното првенство
Вчера во спортската сала „Независна Македонија“ со одигрување на два полуфинални и финален натпревар заврши македонското првенство во женска одбојка/категорија пионерки.
Повеќе: Пионерките од ОК Јанта Волеј на државното првенство го освоија второто место
Љубителите на спортот утре ќе имаат можност бесплатно да проследат два полуфинални и финален натпревар во женска одбојка/категорија пионерки.
Уште една крводарителска акција се одржа денес во Општина Кисела Вода. 40 хумани граѓани, во Големата сала на Општината даруваа крв и помогнаа да се спаси нечиј живот.