Новости
Со цел да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги надминат нејаснотиите во врска со нивните имоти, општина Кисела Вода и Агенцијата за катастар на недвижности, организираат нови “Oтворени денови на Катастарот”.
Повеќе: "Отворени денови со катастарот" во среда, четврток и петок во Драчево
На сите граѓани, општина Кисела Вода им го честита големиот државен празник, 23-ти Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација. Славејќи го овој ден, ја празнуваме идејата на македонските револуционери за самостојна и независна Македонија која денес ја живееме во сопствена, независна државa. Нека ни е честит празникот, за многу години!
Општина Кисела Вода известува дека од понеделник, 26.10.2015, сите заинтересирани жители од овој дел на градот можат бесплатно да ги користат спортските сали Независна Македонија и Архиепископ Доситеј во следните термини:
Трета сезона по ред општина Кисела Вода продолжува со реализацијата на проектот ”Слобода во вода” наменет за децата со посебни потреби од овој дел на градот. Истиот, кој е дел од Програмата за активности од областа на социјална заштита на општина Кисела Вода, преку спортски активности во вода на овие дечиња им овозможува подобрување на психофизичката состојба.
Повеќе: Општина Кисела Вода и годинава обезбеди терапевтско пливање за децата со посебни потреби
Со свечен концерт во паркот Шопен, денес општина Кисела Вода ја одбележа 166 годишнината од смртта на големиот музичар Фредерик Шопен. На настанот организиран од Одделението за култура при општина Кисела Вода присуствуваше и в.д. амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Марта Пшењосло.