Новости
И во новата 2015-та, општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоградбите, кој значи решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти. Денешното ново доделување на решенија за легализација на дивоградбите од страна на Претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, на уште 50 жители од овој дел од градот ќе им овозможи легална сопственост на своите домови. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 3404.
Повеќе: Легализација на дивоградби и приемен ден во општина Кисела Вода
Денес, во Големата сала на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, ги додели првите 40 ваучери за новороденчиња за оваа година. Со денешното доделување, се означува продолжувањето на овој проект, кој е донесен на лична иницијатива на градоначалникот, а едногласно, и оваа година, поддржан од Советот на општината.
Повеќе: Во општина Кисела Вода доделени првите ваучери за новороденчиња во 2015
Утре, петок, 30 јануари 2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на семејствата со новороденчиња од општината.
Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување од природни непогоди, денес, во просториите на општина Кисела Вода одржа координативен состанок.
Повеќе: Кризниот штаб на Кисела Вода одржа координативен состанок
На 24-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржа 24-та пленарна седница