Новости
Со засадување рози покрај улицата “Христо Татарчев”, општина Кисела Вода се вклучи во националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето - Земја на розите“, која симболично стартуваше на првиот ден од пролетта.
Повеќе: Општина Кисела Вода се вклучи во "Македонија земја на цвеќето-Земја на розите"
Од денеска до сабота, општината Кисела Вода е домаќин на државното првенство во кошарка – училишен спорт (основни училишта). За шампионската титула покрај домаќинот ОУ "Невена Георгиева Дуња" и ОУ"Владо Тасевски" како претставници од градот Скопје, учество ќе земат основните училишта: “Васил Главинов” – Велес, “Славчо Стојменски” – Виница, “Димката Ангелов – Габерот “– Кавадарци и “Св.Климент Охридски” – Битола. Жребањето е закажано за 12 часот, салата "Независна Македониjа" во ОУ “Невена Ѓорѓиева-Дуња”, свеченото отварање ќе биде во 13.30 минути, а веднаш потоа ѓе се одиграат четири натпревари.
,,Просветителите“ ја забележаа четвртата победа во сезоната. Во премиерниот натпревар од пролетната сезона во кошаркарската лига, избраниците на тренерот Мартин Мартиновски со резултат 50:33 славеа над своите врсници од ОУ “Круме Кепески”. Инаку, натпреварот во голем дел од средбата беше израмнет.
Повеќе: Четврта победа за кошаркарите од ОУ “Партеније Зографски”
Дел од корисниците од скопското село Усје, утре од 9:30 до 16:00 часот ќе биде без електрична енергија. Прекините, како што информира РЦУК – Скопје, се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во реоните.
Општина Кисела Вода се вклучи во проектот за селекција на отпадни батерии ”Гоу Клин”, започнат пред 3 години по иницијатива на шведската амбасада, чија реализација е овозможена со поддршка на Норвешката Амбасада во Белград. Целта на проектот е да се поддржи имплементацијата на Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори односно да се зајакнат капацитетите на општините во поставување на системот за управување со отпадни батерии, да се развие свеста кај граѓаните и да се вклучат младите во промотивна кампања со која ќе се собере 1000 кг на отпадни батерии.
Повеќе: Општина Кисела Вода-дел од проектот за батерии "Гоу клин"