Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, заедно со дел од општинскиот раководен тим и претставници од јавните претпријатија на Градот Скопје вчеравечер реализираа работна средба со жителите на урбаните заедници Црниче и Пржино.
Градоначалникот Беличанец – Алексиќ во обраќањето ги наведе реализираните градежни работи во Црниче од страна на локалната самоуправа во изминатиот период, а направи и јасна дистинкција на надлежностите на локалната самоуправа и Градот Скопје, односно јавните претпријатија во состав на Градот и порача дека граѓаните можат да поставуваат прашања кои се во надлежност на градот, на присутните претставници од јавните претпријатија.
Повеќе: Беличанец – Алексиќ се сретна со жителите на Црниче и Пржино
Работните посети и остварувањето на средби со граѓаните во месните и урбани заедници продолжуваат и оваа работна седмица. Вечерва (07.10.2013), со почеток во 18:30 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим и раководителите на подрачните единици на градските јавни претпријатија ќе ја посети урбаната заедница Црниче, а во 20:00 часот, во просториите на урбаната заедница, ќе одржи средба со жителите на населбата Пржино.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ќе посети 2 месни заедници
На 5-ти октомври (сабота) учениците од основното училиште „Круме Кепески“ ја посетија библиотеката „Браќа Миладиновци“ со цел да учествуваат во хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје“. По тој повод беше организиран отворен ден каде јавни личности имаа улога на библиотекари, со цел паричните средства да се донираат на детската клиника за организирање „Игротека-библиотека“ во која хоспитализираните деца ќе можат да го поминуваат своето време во играње и читање книги.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи за реконструкција на улицата “474” во населбата Бирарија. Реконструкцијата ќе опфати целосно гребење на асфалтот со дебелина од 4 центиметри, нивелирање на шахтите и сливниците на улицата и поставување на нов асфалт со дебелина од 7 центиметри.
Повеќе: Започна реконструкцијата на улицата “474” во Бирарија
Општина Кисела Вода денес се вклучи во националната еколошка акција за расчистување на отпадот од јавните површини, симболично наречена “Македонија без отпад 2013”. Првата ваква голема акција во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Граѓанската асоцијација “Ајде Македонија”, како пилот – проект минатата година се реализираше токму во Општина Кисела Вода, а и годинава оваа акција е дел од глобалната акција „Lets'do it! World 2013“, поддржана од Европскиот парламент, во која се вклучени 107 земји во светот.