Насловна
Со одлична динамика тече изградбата на новиот училишен објект за ООУ Невена Георгиева-Дуња во општина Кисела Вода. Ова го увидоа градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличнец-Алексиќ и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, при денешната посета на објектот каде интензивно се одвиваат градежните активности.
-Пред околу два месеци бевме овде, на удирањето на камен темелник за новиот објект и како што може и самите да се уверите, можам да констатирам дека се изведува со одлична динамика. Согласно информациите од изведувачот, безмалку 40% од крупните градежни активности се во завршна фаза. Очекувам во наредниот период, доколку временските услови тоа го дозволат, градежните актвности да продолжат со истиот интензитет, со што , при крајот на 2016 ова училиште да биде комплетно завршено-истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски потсетувајќи дека се работи за инвестиција на МОН вредна 75 милиони и дека во новиот објект е предвидено да има 15 училници, 5 кабинети, на над 2200 квадратни метри, со што би се задоволиле потребите на сите ученици кои тука ја следат наставата. Додаде дека инвестициите на ова Министерство кои треба да обезбедат подобри услови за сите ученици, ќе продолжат не само тука, туку и во целата држава.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ го изрази своето задоволство од динамиката на градежните активности и информираше за дел од останатите крупни проекти од сферата на образованието кои течат во општината.
-Пред се би сакала да изразам голема благодарност до Владата на РМ, до ресорното Министерство за образование и наука за отпочнувањето на овој проект бидејќи истиот е еден од ветуваните проекти и во локалната програма и за време на парламентарните избори. Се работи за одговор на едно големо барање и очекување на граѓаните на вој дел од општина Кисела Вода. Како што кажа и заменик министерот, динамиката на изградба е запазена и се надеваме дека до крајот на 2016 ќе биде пуштено во употреба. Притоа би сакала да информирам дека општина Кисела Вода паралелно со завршувањето на овој објект, веќе нарача проект за реконструкција на постоечката училишна спортска сала за одвивање на наставата по физичка култура , така што од сопствени средства, од буџетот на општина Кисела Вода ќе се обидеме во истиот период, веќе да пристапиме во текот на летниот период да кон нејзина реконструкција и соодветен пристап до новиот училишен објект како би можела да се одвива наставата по физичка култура-изјави градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ додавајќи дека во моментов тече уште една реконструкција на уште едно централно училиште во општина Кисела Вода, ООУ Круме Кепески.
-Во моментов се изведуваат градежни активности за постигнување на енергетска ефикасност на ООУ Круме Кепески, кое е од голема важност бидејќи има централна местоположба во општината и во кое настава посетуваат околу 800 ученици. Во сорабока со УНДП правиме реконструкција на на околу 1800 квадратни метри кровна површина, во соработка со приватниот сектор, конкретно со Цементарница Усје кои ни излегоа вопресрет, обезбедивме средства за реконструкција на фасадата за околу 1700 квадратни метри, додека општината со сопствени средства, од својот буџет инвестираше во промена на 116 прозорци. Ова е уште една потврда за континуираната грижа на општина Кисела Вода за своите најмлади жители додаде градоначалникот Беличанец-Алексиќ.