Насловна
Имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, Општина Кисела Вода отпочна со постапка заизработка на вториот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП), за периодот од 2016-2021.
Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба,идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата. Вклучувањето на јавноста во изработката на ЛЕАП-от е од суштинско значење,поради што општина Кисела Вода ја повикува целата јавност во следење на процесот на изработка и имплементирање на локалниот еколошки акционен план. Во тој контекст, ги повикуваме сите оние граѓани кои сакаат да земат активно учество и го дадат својот придонес во некоја од работните групи за изработка на ЛЕАП да се пријават и да ги остават своите податоци во Општина Кисела Вода.
Работни групи/тематски области:
- Вода
- Воздух и бучава
- Природа
- Почва
- Отпад
Сите заинтерсирани граѓани кои сакаат да земат учество во овој процес може да се пријават кај локалниот координатор за изработка на ЛЕАП: Кирју Николоски, на телефон: 070 241-556 или e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Рокот за пријава за учество во процесот е до 09.05.2016