Насловна
Општина Кисела Вода известува дека дел од корисниците од сервисната зона Југ денес, од 8 часот ќе останат без вода за пиење. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето во Кисела Вода е замена на четири шибери со пречник од 150 милиметри на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски„ и „Србија“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП Водовод и канализација не завршат со работата.