Насловна
Ве известуваме дека Петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 25 декември 2017 година (понеделник) со почеток во 12,00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 4-та пленарна седница
1.Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачје на Општина Кисела Вода;
2.Предлог-Одлука за критериумите, постапката и начин за доделување на огревно дрво на семејства од социјално ранливи категории;
3.Предлог-Одлука за утврдување надоместок на членовите на Општинска изборна комисија –Кисела Вода и избирачките одбори на подрачјето на Општина Кисела Вода за извршената работа во подготовката и спроведувањето на локалните избори одржани во 2017 година;
4.Предлог-Буџет на Општина Кисела Вода за 2018 година;
5.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2018 година;
6.Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2018 година;
7.Предлог-Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Кисела Вода и спортски манифестации кои се одржуваат на територијата на Општина Кисела Вода.
Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода.