• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Овој викенд повеќе спортски настани во Кисела Вода

Љубителите на спортот во сабота и недела во Кисела Вода ќе имаат можност бесплатно да проследат повеќе спортски настани.

Утре во рамки на пионерската машка ракометна лига во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ силите на теренот ќе ги одмерат младите ракометари од екипите на РК Металург Јуниор и РК Аеродром. Почетокот на натпреварот е во 13:00 часот.

„Мило е што по пауза од две години го вративме Металург Јуниор на македонската ракометна мапа. Стартувавме со натпреварување во првата македонска лига, но се надевам дека ќе успееме да се пласираме во Супер лигата. Би сакал да се заблагодарам на општината која ја препознаа оваа добра идеја за повторно да почнеме да создаваме млади репрезентативци, да им обезбедиме на младите ракометари, добри услови за работа и за напредок“ - изјави Ристо Чокрев, претседател на Металург Јуниор.

Воедно, утре во спортската сала „Независна Македонија“ младите кошаркари од КК Ангели од Кисела Вода ќе одиграат два кошаркарски натпревари. На првиот натпревар кој е со почеток во 13:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат екипите на КК Ангели - Кисела Вода и КК Овче Поле - Свети Николе. Натпреварот е во рамки од втората кошаркарска лига.

Додека, младинците од КК Ангели - Кисела Вода во 15:00 часот ќе играат со екипата на Партизан Водно Санс. На овој натпревар младите кошаркари од Кисела Вода ќе ги вложат сите напори да се искачат на шестото место на табелата од првата младинска лига.

Покрај овие натпревари, во недела во спортската сала „Независна Македонија“ од 11:00 до 17:00 часот ќе се одржи Државно првенство во Џудо. Истиот ден од 10:00 до 15.00 во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе се одржи и меморијален карате турнир „Димче Кичевски“.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во Кисела Вода одбележани 169 години од смртта на Фредерик Шопен https://t.co/BU62mgfMkD
4hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денес дел од Кисела Вода без струја https://t.co/KDfxymEbbn
11hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада https://t.co/bc8NQUCzko