Насловна
Општина Кисела Вода врши целосна енергетска обнова на објектот на ЈДГ „Весели цветови“, „Мимоза“.
Објектот „Мимоза“ ќе добие нова фасада со термичка изолација, нови прозорци, надворешни врати и олуци. Додека во внатрешниот дел на градинката ќе се постави плафонска изолација. Со оваа обнова децата и вработените кои поголемиот дел од денот го поминуваат во објектот ќе добијат позатоплени простории, а градинката ќе заштеди и финансиски средства кои во иднина ќе ги пренамени во приоритетни цели.
Општината условите во градинката ги подобрува преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка. Инвестицијата е во вредност од 4.354.896,00 денари со вклучен ддв. Работните активности ќе се одвиваат до 28.02.2020 година.
Локалната самоуправа апелира до граѓаните додека траат градежните работи да внимаваат при движењето околу градинката.