Насловна
Општина Кисела Вода ги известува жителите на улиците "Наум Охридски", "Востаничка", "Банско" и "Благоја Гојан" дека денес, понеделник, 03.11.2014, ќе останат без електрична енергија, во време од 09:00 до 12:00 часот. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што известува Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, е заради технички зафати во електро - системот.