Насловна
Започна акција за крпење на ударни дупки на територија на општина Кисела Вода. Активностите отпочнаа во населбата Драчево, каде е планирано е да бидат опфатени улиците: “Киро Фетак”, “Антон Димитров”, “Иван Хаџи Николов”, “Бранко Заревски”, “Скендербег Кастриот”, ‘Жифко Фирфов”, “Славка Динкова”, “Таки Даскалот”, “Малешевска”, “Методија Патчев”.
Изведувач на работите е фирмата “Изолација” ДОО Скопје, чии екипи треба да ги завршат активностите за околу 10 дена. Следната локација на која ќе се крпат ударните дупки е селото Драчево, по што ќе се работи и во останатите месни и урбани заедници низ целата општина каде е утврдена потреба од ваков градежен зафат.