Насловна
Ве известуваме дека граѓаните од кулите 1,2, 3, 4 и 5 во Расадник утре од 9 часот ќе немаат вода. Добиената информација е од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од Водовод и канализација.
Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување на водоводен приклучок на улицата „Христо Татарчев бб“. Корисниците од овој регион ќе немаат вода се до завршување на интервенцијата.