Насловна
Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и општина Кисела Вода, денеска со почеток во 19:30 часот во паркот „Пушкин“ ќе се одржи манифестација по повод 216 години од раѓањето на Александар Сергеевич - Пушкин. Настанот кој по седми пат се одржува во општината ќе биде збогатен со културно - уметничка програма.