Во пресрет на пролетта ОУ „Рајко Жинзифов“, под мотото И ПРОЛЕТТА ПРАЗНУВА СО НАС... , го одбележа Денот на училиштето.
Седмицата што претходеше беше збогатена со многубројни активности во кои беа вклучени голем број ученици, наставници и родители.
Свечената приредба се одржа на 20. 03.2017 година во холот на училиштето. Во присуство на голем број гости од Општина Кисела Вода, директори и наставници од други училишта и родители, учениците од I до IX одделение се претставија со бројни разновидни точки: драматизации, ритмички кореографии, музички изведби.