Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, вчера (12.09.2013) оствари работна посета на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, каде им додели благодарници на реализаторите на проектот “100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици”.
Благодарници за успешна реализација на овој проект добија Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кединг од Скопје.
Со цел да им помогне на оние кои бараат вработување или започнување сопствен бизнис, Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за жени претприемачи – Скопје, во мај годинава започна проект за организација на обуки за вештини за вработување, на кои им претходеа интерактивни работилници за запознавање на граѓаните со можностите за вработување и започнување сопствен бизнис.
Денеска (12.09.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ го заокружи овој проект, со свеченото доделување на сертификатите за успешно завршени обуки за стекнување претприемнички вештини, вештини за вработување и ИТ-вештини на околу 60 лица од општината.
Во четврток, (12.09.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе ги додели сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија обуките за стекнување претприемнички вештини, вештини за вработување и ИТ-вештини, во организација на Општина Кисела Вода и Центарот за жени претприемачи – Скопје.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Во периодот од 8.30 до 12 часот, денес без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Сава Ковачевиќ“ и „1“ кај фабриката „Прогрес“ во општина Кисела Вода. Во истиот период без струја ќе бидат жителите од улиците „Саса“ и „1“ во населбата Пинтија.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.
Големите празници се одбележуваат со големи настани. 22-годишнината од независноста на Република Македонија, жителите на Пинтија ќе ја паметат по реализацијата на капиталниот проект за нова водоводна мрежа за оваа населба во должина од околу 10 километри.
Со денешното официјализирање и свечено пуштање во употреба на капиталниот проект за нова водоводна мрежа, кое се совпадна со големиот државен празник “8-ми Септември” и Општина Кисела Вода даде скромен удел во чествувањето на Денот на независноста на Македонија.