Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ денеска свечено предаде на користење две нови детски забавни игралишта. Првото е донација од компанијата Цементарница Усје – Титан и е поставено на улицата “Малешевска” во населбата Драчево. Вториот забавен парк се изгради во населбата Усје и е инвестиција на општината Кисела Вода.
Повеќе: Жителите на Усје и Драчево добија нови детски игралиштa
Во недела (08.09.2013 година), со почеток во 12:00 часот, на улицата “Борис Трајковски” на влезот на населбата Пинтија (до автобуската станица, во близина на семафорите) ќе се пушти во употреба новата водоводна мрежа за населбата Пинтија. На свеченоста ќе присуствуваат вице-премиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ и претставник на Светска банка во Република Македонија.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Општината Кисела Вода со низа спортски активности го одбележи Денот на независноста на Република Македонија “8-ми септември“. Масовноста во училишниот спорт, којзнае по кој пат докажува, дека, општината Кисела Вода е супериорна на државно ниво во овој проект.
Највозбудливо беше на фудбалскиот и шаховскиот турнир. Фудбалерите, силите ги одмерија на новото повеќенаменско фудбалско игралиште во МЗ 11-ти Октомври – згради. Овде, интересно е дека победниците се решија дури по изведувањето на пеналите. Во финалето, ОУ ,,Невена Георгиева - Дуња“ славеше со 3:2. Сигурни пеналџии за ,,Дуња“ беа Н. Андрески, А. Магдевски и Д. Спасовски. Во регуларниот дел средбата заврши 2:2.
Денеска (06.09.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода во организација на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност се презентираше проектот “Форум со работодавачите”, преку кој стопанствениците од Општина Кисела Вода се запознаа со најсоодветните активни мерки за поттикнување на вработувањето и квалификации на кадрите.
На форумот се обрати и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ која ја поздрави иницијативата на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување за реализацијата на овој проект со кој, како што рече, ќе се зајакне соработката во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво.
И покрај сите апели и засилените инспекциски контроли од страна на општината, создавањето на диви депонии на територијата на општината Кисела Вода од страна на несовесни граѓани продолжува. За таа цел, Општина Кисела Вода започна акција за чистење на микро локации и црни точки на нејзината територија, каде во континуитет се создаваат диви депонии.
Повеќе: Се чистат депониите и отворените канали во Кисела Вода