Насловна
По соопштение од РЦУК - Скопје, Општина Кисела Вода информира дека утре во периодот од 08:00 до 11:30 часот дел од улиците „Ваташа", „Жарко Зрењанин" и „Славка Димовска" ќе бидат без напојување со електрична енергија. Додека, од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе останат и улиците „Јабланица" и „Саса".
Пристигнаа резултатите од испитувањата на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата. Сите, освен еден од проверените постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода, имат безбедна вода за пиење.
Повеќе: Само јавната чешма во село Драчево со небезбедна вода за пиење
Општина Кисела Вода информира дека денес од 08:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: „Рилски конгрес“, „Славејко Арсов“, „Банско“, „Серска“, „Кратовска“, дел од „50. дивизија“, дел од „Димче Мирчев“, „Христо Чернопеев“, „Востаничка“ и „Црниче“. Додека другите улици од населбите Црниче и Пржино ќе бидат со намален притисок.
По соопштение од РЦУК - Скопје, Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул.„Томе Арсовски“, делот позади Кинеската амбасада.
Општина Кисела Вода додели нови 55 ваучери за новороденчиња, од кои 28 за женски и 27 за машки деца.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели 55 ваучери за новороденчиња