Насловна
Општина Кисела Вода известува дека од денес, согласно член 45, 46 и член 50 од Законот за основно образование (Сл.весник на РМ бр. 67/2017 година ), ќе се врши запишување на децата во прво одделение во основните општински училишта кои гравитираат на територија на општината.
Повеќе: Започнува упис на првачиња во основните училишта во Општина Кисела Вода
По добиено известување од РЦУК - Скопје, врз основа на информација од„ЕВН Македонија“ АД, Општина Кисела Вода информира дека утре (03.05.2018год.) во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците на делови од улиците "Герника", "Киро Фетак" и "Ратко Митровиќ" во близина на туланата во Драчево и фирмата "Марлес".
Љубителите на спортот, во сабота и недела бесплатно ќе имаат можност да проследат два спортски натпревари.
Повеќе: Овој викенд во Кисела Вода ќе се игра кошарка и ракомет
Јавната детска градинка „Весели Цветови“ од Општина Кисела Вода беше домаќин на 30 стручни соработници од предучилишните установи од Република Србија.
Повеќе: ЈДГ „Весели Цветови“ беше домаќин на 30 стручни соработници од Република Србија
Општина Кисела Вода започна со реализација на проект кој има за цел на деветоодделенците од општинските основни училишта да им помогне при изборот на нивната идна професија.
Повеќе: Општина Кисела Вода им помага на полуматурантите да ја изберат својата професија