Насловна
Општина Кисела Вода апелира до сопствениците на неизградено градежно земјиште, кое па пат на денационализација им е вратено, а е со видливо нарасната тревна вегетација, да го уредат, да ги искосат нараснатите тревни површини, се со цел да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината.
Вечерва со почеток во 20:30 часот во верско рекреативниот центар “Три круши“ посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапот на членовите на културно уметничкото друштво “Китка“ од Драчево.
Нов уличен и адресен регистар, ќе овозможи реализацијата на пилот проектот кој се спроведува во Општина Кисела Вода. Во моментов се врши теренско собирање на адресните податоци кои потоа ќе се складираат во централна база на податоци на стандардизиран начин и дефинирани правила за пристап.
Повеќе: Се собираат податоци за нов уличен и адресен регистар во Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 до 11:00 часот дел од жителите на ул. “Јустинијан први“ ќе останат без електрична енергија, а во периодот од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат и дел од ул. “Петар Драпшин“, дел од ул. “Лав Толстој“ и дел од “Добромир Хрс“.
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат декa прекините ќе бидат поради закажани технички зафати.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес им додели нови 62 ваучери на семејствата со новороденче од овој дел на градот. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 2047.
Повеќе: Ваучери за преку 2000 новородени жители на Општина Кисела Вода