• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние. Присутни на состанокот беа и раководителот на одделението за животна средина Петар Ѓорѓиоски и Јасна Саздовска, член на Советот на Општината.

На оваа работна средба градоначалникот Темелковски го информираше амбасадорот Тимоние за плановите, проектите и функционирањето на Општината, од почетокот на неговиот мандат.

Се дискутираше за изнаоѓање на решенија на повеќе проблеми кои постојат во секојдневието на жителите на територијата на локалната самоуправа. Една од темите на која тие најмногу се задржаа беше аерозагадувањето во Скопје. Амбасадорот Тимоние се интересираше за загревањето на просториите во училиштата и градинките кои се под надлежност на Општината, на што беше информиран дека повеќето од нив се загреваат на парно и пелети со цел за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Градоначалникот Филип Темелковски нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе се реализираат три проекти за фекална канализација кои што според предвиденото ќе чинат околу 80 милиони денари. Тој додаде дека на следните избори во кампањите на партиите за избор на градоначалник повеќе нема да се даваат ветувања за изградба на фекална канализација. Темелковски кажа дека ќе направи максимални напори во следните 3 години да се решат и сите предмети за легализацијата на имот. Се зборуваше и за работењето во насока на унапредување на родовата еднаквост и збратимување на градови од Франција со Општина Кисела Вода. Темелковски истакна дека неговата цел во текот на неговиот мандат е да соработува со меѓународната заедница за реализација на проекти кои би придонеле за подобар живот на жителите.

На крајот, градоначалникот Филип Темелковски му се заблагодари на амбасадорот Кристијан Тимоние за посетата и истакна дека е задоволен од одличната соработка со Амбасадата на Франција за која е уверен дека во иднина ќе продолжи да се продлабочува со применување на европските прописи во нашата држава, која забрзано чекори на патот кон Европската унија и НАТО.

Амабсадорот Кристијан Тимоние на градоначалникот Филип Темелковски му подари книга, антологија со најпознатите цитати на Жан Моне.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Интервју на градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/xG7xs9oY4I
13hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре во рамки на првата кошаркарска лига КК „Академија ФМП“ ќе го одигра првиот натпревар во Кисела Вода https://t.co/zpBCmJT4ik
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски од понеделник почнува со посети на сите месни и урбани заедници во Кисела Вода https://t.co/MQYplG8cMg