Насловна
Акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ ја спроведуваат заедно, утре и задутре продолжува во урбаните заедници: „Цветан Димов“ и „Бирарија“.
Повеќе: Во урбаните заедници „Цветан Димов“ и „Бирарија“ ќе се собира кабаст отпад
Во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода се одржа комеморација по повод трагичната смрт на поранешната градоначалничка на Општината, Билјана Беличанец.
Со едноминутен молк членовите на Советот на Општина Кисела Вода ја започнаа денешната вонредна седница свикана по повод смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец.
Повеќе: Општина Кисела Вода прогласи Ден на жалост за поранешната градоначалничка Билјана Беличанец
Ве известуваме дека комеморацијата по повод смртта на прерано починатата поранешна градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец ќе се одржи утре, 08.04.2019год, понеделник, со почеток во 15:00 часот во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода.
Повеќе: Утре комеморација за поранешната градоначалничка на Општината Билјана Беличанец
Со голема тага, ве известуваме дека вчера, 06.04.2019 год, ненадејно почина поранешната градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец. Градоначалникот на Општината Филип Темелковски и сите вработени во неа упатуваат длабоко сочувство до нејзиното семејството и најблиските.
Повеќе: Почина поранешната градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец