Насловна
Денеска во Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“, во организација и во рамки на натпреварувањата на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа последните финални кошаркарски натпревари.
Утре, среда, 24.04.2019, со почеток во 10 часот, Општина Кисела Вода заедно со ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и градот Скопје, организира масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата ќе се одвива на повеќе локации низ цела Општина Кисела Вода, а собирно место ќе биде платото пред ресторанот “Ексклузив”.
Активностите на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ за собирање на кабаст отпад и електрoнска опрема продолжуваат да се одвиваат на територијата на локалната самоуправа.
Повеќе: Во Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик се собира кабаст отпад
По повод големиот христијански празник католички Велигден, денеска претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски го посетија католичкиот манастир на сестрите Мисионерки на Љубовта лоциран на територијата на локалната самоуправа.
На сите верници кои по Грегоријанскиот календар го слават Христовото воскресение – Велигден градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во свое име и во име на Општината им го честита овој голем најрадосен ден за сите христијани.
Повеќе: Христос воскресе! Навистина воскресе! Честит католички Велигден!