Насловна
Одделението за предучилишно воспитување при Општина Кисела Вода, традиционално секоја година го одбележува Светскиот ден на водата 22 март. Оваа година, со проектот КАДЕ ИМА ВОДА ИМА ЖИВОТ се одбележа во Зоолошката градина во Скопје во соработка со Здружението за заштита на животната средина Нов Импулс и главните актери на настанот, децата од ЈДГ 8 Март со нивните воспитувачи, негуватели, стручниот тим на градинката и директорката.
Со акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ ја започна вчера, досега во урбаните заедници Црниче и Пржино собрани се 7 тони отпад.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска присуствуваше на одбележувањето на 74 години од постоењето на најстарата ЈДГ „Весели Цветови“ во Република Северна Македонија.
Општина Кисела Вода информира дека утре од 08:30 часот без вода ќе останат корисниците од улицата „Мариовска“.
Денес фудбалерите на ФК „Кул Здравје“ од Кисела Вода на стадионот „Цементарница“ ќе го одиграат првиот 1/2 финален натпревар за Купот на Македонија против екипата на ФК „Академија Постолов - Пандев“ од Штип.
Силите на теренот помладите пионери (генерација 2005 година) ќе ги одмерат со почеток во 14:00 часот.