Насловна
Вчера на државното првенство во БЏЏ во категорија со кимоно членовите на клубот за бразилска џиу џица „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ од Кисела Вода во сите категории освоија златни, сребрени и бронзени медали.
Повеќе: 39 членови на „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ од Кисела Вода освоија медали
Општина Кисела Вода информира дека денес во временскиот период од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. Саса бр. 18.
Oпштина Кисела Вода започнува со спроведување на акција за собирање на кабаст отпад на цела своја територија. Активностите за подигнување на кабастиот отпад и електронската опрема ќе се одвивааат до крајот на април преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, а во истите ќе се вклучи и ЈП Комунална хигиена.
Повеќе: Од четврток ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 13:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од улиците: „Јустинијан Први“ и „Речиште“ после училиштето во село Драчево, како и дел од ул. „Студеничанска“.
По повод одбележувањето на Националниот ден на унгарскиот народ секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и неговата екселенција Ласло Дукс, Амбасадор на Република Унгарија во Република Северна Македонија положија цвеќе пред спомен плочата на големиот унгарски поет и еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година, Шандор Петефи.
Повеќе: Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ