Насловна
Сениорската кошаркарска екипа на „Ангели“ од Кисела Вода се искачи на првото место на табелата во втората лига.
Повеќе: Сениорите на КК „Ангели“ од Кисела Вода го заземаа првото место на табелата
Општина Кисела Вода информира дека утре во периодот од 08:30 до 11:00 часот без напојување со електрична енерегија ќе останат корисниците од дел од ул. Малешевска.
Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ продолжуваат да победуваат на секој одигран натпревар на домашен и на гостински терен.
Повеќе: Кошаркарките на „Бадел“ убедливо ја победија екипата на „Пелистер“
Денес министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов заедно со градоначалниците на Општините Кисела Вода и Аеродром, Филип Темелковски и Златко Марин, го означија почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево. Присутен на настанот беше и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.
Повеќе: Се реконструира регионалниот пат Јурумлери – Драчево
Општина Кисела Вода ги информира граѓаните дека патот кој води кон Припор, улицата Христо Татарчев крак 14 забранета е за сообраќај и движење на пешаците заради опасност од повторен одрон на земјиште.
Воедно, локалната самоуправа ги замолува граѓаните за трпение и разбирање поради забраната.