Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре, 09.03.2018 година, во временскиот период од 8:30 до 9:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ кај маркетот „Тинекс“ во Кисела Вода, ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ и градинката „Весели цветови“ и објектите околу нив. Прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Општина Кисела Вода заедно со Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на Унгарците во Македонија и оваа година ќе го одбележат Националниот ден на унгарскиот народ - 15 март. По тој повод, во основните училишта на територија на Општина Кисела Вода е распишан конкурс на две теми. Првата тема е “Животот и делото на Шандор Петефи”, а втората “Унгарската национaлно-ослободителна војна и буржоаска револуција 1848-1849”.
Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода додели награди и благодарници за најуспешните на конкурсот распишан од страна на локалната самоуправа по повод 8 Март, Денот на жената.
Повеќе: Основците и дечињата од градинките твореа по повод Денот на жената
Циклусот на средби на градоначалникот Филип Темелковски со жителите на месните и урбани заедници во Општина Кисела Вода продолжуваат да се одвиват и оваа работна недела. Заедно со секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, советници и дел од тимот составен од раководителите на стручните служби од општината вчера остварија средба со жителите на УЗ 11 Октомври - бараки.
Повеќе: Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со жителите на УЗ 11 Октомври - бараки
Ве известуваме дека Осмата пленарна седница на Советот Општина Кисела Вода ќе се одржи на 9 март 2018 година (петок) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Oпштина Кисела Вода ќе ја одржи Осмата пленарна седница