Насловна
Денеска, среда (04.06.2014) во ОУ,,Кирил Пејчиновиќ “ со почеток во 20.00 часот ќе се одржи свеченото чествување на 215 годишнината од раѓањето на познатиот светски поет Александар Сергеевич Пушкин.
Со денешното свечено доделување на еднократната парична помош за родителите кои во последните три месеци добиле принова, бројката на доделени ваучери се искачи на 511.
Повеќе: За неполна година, општина Кисела Вода додели над 500 ваучери за новороденчиња
Со одлична динамика течат градежните работи во ПОУ “Круме Кепески”во Припор, каде до крајот на летото треба да профункционира првата градинка во овој дел од општина Кисела Вода.
Во среда, (04.06.2014), во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош семејствата со новороденчиња од општината.
Пред бројната публика, вчера, 31.05.2014 (сабота), во верско-рекреативниот центар "ТРИ КРУШИ", се одржаа IV-тите по ред Детски фолклорни смотри под покровителство на СОФАМ (Сојуз на фолклорни Ансамбли на Република Македонија). Куд Китка-Драчево, потпомогнат од општина Кисела Вода, се покажа како одличен домаќин и организатор, за што говорат силните аплаузи од бројната публика. На сцена се претставија повеќе фолклорни ансамбли од Скопскиот регион кои се членки на СОФАМ.