Насловна
Виртуелната наспроти реалната комуникацијата со врсниците под наслов "Светот- имагинарен и реален”, беше темата на која твореа учениците од основните училишта на територија на Кисела Вода, на денешниот мултимедијален ликовно-музички хепенинг кој се одржа по четврти пат, во организација на Одделението за култура при општината.
Повеќе: Мултимедијално случување за основците од општина Кисела Вода
Градежните активности на територија на општина Кисела Вода продолжуваат со интензивно темпо. На големо задоволство на жителите на Пинтија, улица„1440“ доби нов асфалтна маса.
Подготовките за асфалтирање на оваа улица траеа неколку недели при што се изврши машинско гребење на улицата, чистење, тампонирање, прскање со емулзија, подигање на канализациони шахти, за во текот на вчерашниот ден да се изврши комплетно вградување на нова асфалтна маса од тип АБ-11 и БНАС-16 на површина од 1400 м2 .
Градежните работи ги изведува „Бауер БГ“-Скопје, а финанскиските средства во вредност од 2 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Кисела Вода. Во периодот што претстои се предвидува и асфалтирање на други улици во M.З Пинтија, согпасно планот и програмата за реконструкција на улици за 2014 год.
Поради временските услови, Мултимедијалниот хепенинг кој ќе се одржи денес, од 10:00 часот до 12:00 часот во организација за Одделението за култура при општина Кисела Вода,наместо во Паркот на бранителите, во населба Драчево, ќе се одржи во спортскта сала во ОУ “Св.Климент Охридски” во селото Драчево.
Утре, петок, 30.05., од 10.00 часот до 12.00 часот во организација за Одделението за култура при општина Кисела Вода, во Паркот на бранителите, во населба Драчево, по четврти пак ќе се реализира ,, Мултимедијален хепенинг,, во соработка со основните училишта .
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, на терен, во обиколка на објектите каде што течат градежни активности.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец-Алексиќ изврши увид во градежните активности низ општината