Насловна
Утре, недела, 16.02.2014, со почеток во 11:00 часот, на ул. “Ратко Митровиќ 2”, Mинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец- Алексиќ , ќе одржат прес по повод отпочнување на реконструкцијата на ул. “Ратко Митровиќ 2” со крак на истата улица и крак на ул.”Речиште” во село Драчево.
Од понеделник, 17ти февруари, ќе започнат со работа мобилните шалтери на Агенцијата за катастар во селото Драчево. Ова на заедничка прес конференција го најавија директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ
.
Денес, петок, 14.02.2014, со почеток во 11:00 часот, во кругот на општина Кисела Вода, градоначалничката на општината, Билјана Беличанец- Алексиќ и директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески, ќе одржат прес по повод Отворените денови на Катастарот во село Драчево.
Објектот на старото кино во населба Кисела Вода ќе биде комплетно реновиран и пренаменет во културен дом со многу содржини. Ова, на прес конференција одржана токму во дотраениот објект, го најавија градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска.
Реконструкцијата ќе се реализира со средства од државниот и Буџетот на локалната самоуправа.
Утре, четврток, 13.02.2014, со почеток во 11:00 часот, во просториите на поранешната кино сала во населба Кисела Вода, градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец- Алексиќ, ќе го претстави проектот за комплетна реконструкција на објектот на старото кино во населба Кисела Вода и неговата пренамена во современ културен дом.