Насловна
По одличниот концерт на групата ДНК во населбата Црниче, културниот бран утревечер (05.07.2013) ќе се пресели во паркот “Македонија”, каде со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржат Петар Ренџов и Тумбао Салса Бенд. Овие добропознати македонски уметници веќе 10 години ја практикуваат кубанската музика, која го симболизира морето, убавата храна, добриот пијалок, кубанските пури и убавите жени.
Музиката која утревечер ќе ја презентираат е микс помеѓу македонската и кубанската традиционална музика.
Влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.
Денеска во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба на службите на Градот Скопје и на јавните претпријатија на Град Скопје со урбаните и месните заедници од Општина Кисела Вода, каде присуствуваа градоначалниците на градот Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.
На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев, директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и надлежните на пунктовите во Општина Кисела Вода, раководителите на секторите на администрацијата на Градот Скопје и Општина Кисела Вода, како и претставници од сите урбани и месни заедници од Општина Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот Трајановски во работна посета на Општина Кисела Вода
Во дворот на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, вчеравечер брилијантен концерт одржа Р&Б дуото ДНК. Милениците на помладата публика Андреј и Панчо го промовираа новиот албум “Срце”, а ги изведоа и нивните најголеми хитови “Таа тоа го крие”, “Полна месечина”, “Навлечен на тебе” од претходниот албум “Кажано е се”.
Утре 04.07.2013 година, четврток/ во 11 часот во бараките на Општина Кисела Вода, ќе се одржи средба на јавните претпријатија на градот Скопје и градската администрација со претставници на урбаните и месните заедници на Општина Кисела Вода.
На средбите ќе присуствуваат и градоначалниците на Град Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.
Културните настани во рамките на овогодинешното, 8-мо издание на културното лето во Кисела Вода продолжуваат и оваа работна седмица. Културнио бран од верско – рекреативниот центар “Три круши” ќе се префрли во дворот на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, каде во среда (03.07.2013) со почеток во 21:00 часот, концерт ќе имаат милениците на младата публика, Р&Б дуото ДНК.
За смеа до солзи пак, ќе се погрижи актерот Гораст Цветковски со презентација на неговата препознатлива стенд – ап комедија.
Влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.