Новости
Продолжува процесот на легализација во општина Кисела Вода, како општествено прашање со кое конечно се решаваат децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти. Владата на Република Македонија со носењето на Законот за легализација на дивоградбите овозможи историска шанса за сите граѓани, да се стекнат со правна и легална сопственост на нивните домови.
Повеќе: Легализирани нови 50 дивоградби во општина Кисела Вода
Во пресрет на овогодинешниот ден на дрвото кој ќе се одржи на 3 декември (среда), општина Кисела Вода, започна со пошумување на својата територија. Во текот на изминатата седмица 2500 зимзелени дрвца беа засадени во сите училишта, градинки, месни и урбани заедници.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес ја пресекоа лентата и со тоа го означија почетокот на работата на новата градинка во населбата Црниче. Објектот кој го носи името “Перуника” е во состав на ЈГД „Весели Цветови“. Се протега на површина од околу 250 квадратни метри и за него, општина Кисела Вода издвои 3 700 000 денари од својот буџет.
Повеќе: Отворена градинка во Црниче, првиот јавен објект кој за греење користи биомаса
Утре, 29.11.2014 (сабота) во 11:30 часот, ул.”Наум Охридски” бб, населба Црниче (во склоп на подрачното ОУ „Кузман Јосифовски Питу), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов ќе го пуштат во употреба објектот ,,Перуника” во рамки на Јавната општинска установа за деца-детска градинка ,,Весели Цветови“. На настанот ќе присуствува и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон.
По 17ти пат, во општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ им додели еднократна парична помош на новите родители од општината, со што бројот на доделени ваучери се искачи на 775.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели 61 ваучер, за 61 новородено дете